Возило излетало од патот Кавадарци – Неготино, сопатникот тешко повреден

Loading...

На 29.08.2019 во 11:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, патничко моторно возило “Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.С.(34) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј.(54). На местото на настанот бил извршен увид од екипа од Полициската станица Кавадарци.

loading...