Воз прегази неготинчанец – починал на лице место

На 08.09.2022 во 02.00 часот пријавено е дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија на потегот од железничката станица Неготино кон железничката станица Дуброва удрил во Р.У.(64) од Неготино, кој се движел пеш по пругата, информираат надлежните од МВР.

Р.У. починал на местото на настанот.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местотото на настанот извршила екипа од ОВР-Неготино, додаваат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.