Вонредна временска прогноза – повторно дожд за викендот

По денешната преодна стабилизација за петок и деновите од викендот УХМР најавува посвежо време со дожд кој на некои места ќе биде пороен. Утре и во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален дожд. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела. Минималните дневни температури ќе се движат од 9 и 19, а масималните ќе достигнат до 32 степена Целзиусови.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа според податоците на УХМР наврнал во Охрид – 30 литри, во Претор – 26, во Крива Паланка 25, а во Скопје 13 литри на метар квадратен.

Loading...