Вонредна најава на синоптичарите: Претпладне топло, попладне локално невреме и град

Loading...

Од утре до вторник под влијание на топла воздушна маса продолжува топлото време, но во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Синоптичарите најавуваат локално поинтензивни процеси во форма на невреме и појава на град.
Минималните температури утре ќе достигнат до 21-тиот степен, а максималните до 38-тиот степен Целзиусов. Поголеми промени во утринските и дневните температури не се очекуваат до вторник.

loading...