Вонредна состојба во Калифорнија

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во оваа американска држава затоа што пожарите и екстремните временски услови принудија речиси 200.000 луѓе да ги напуштат своите домови. Тој вчера рече дека се користи „секој достапен ресурс“ во борбата против пожарите, вклучително и огромните огнени стихии во виноградската област во северна Калифорнија, кои се погодени од силни ветришта.
Поради чадот од пожарот во заливот кај Сан Франциско за кусо време беше запрен и сообраќајот на мостот.

Loading...