Вонредна состојба во Русија: Поларни мечки во потрага по храна влегуваат во домовите (ВИДЕО)

Прогласена вонредна состојба во Русија: Поларни мечки во потрага по храна влегуваат во домовите

На архипелагот Нова Земја прогласена е вонредна состојба поради инвазијата на поларни мечки, соопштуваат од регионалната влада на Архангелск. Одлуката да се прогласи вонредна состојба е донесена на 9. февруари.
Властите на островот Нова Земја прогласиле вонредна состојба затоа што поларни мечки им одат на луѓето по домовите и не се плашат од ништо.
Поларните мечки се погодени од глобалното затоплување и сè повеќе се присилени да доаѓаат на копното во потрага по храна. Овие животни Русија ги прогласи за загрозен вид. Ловот на мечки е забранет, а државната агенција за заштита на околината одби да даде дозвола за да се убијат животните.
Мечките не се плашат од ништо. Ниту од полициските патроли и сирените кои ги бркаат, што значи потребно е да се преземат порадикални мерки. Ако останатите мерки не вродат со плод, единствениот одговор би можел да биде контролиран отстрел, предупредуваат официјалните лица.

Loading...