ВОНРЕДНО: Тетовци да останат во домовите, излегување по потреба задолжително со заштитна маска

Центарот за управување со кризи објави вонредна информација поради големиот пожар кој избувна во фабриката на влезот во Тетово при што квалитетот на воздухот е значително влошен.
Од општина Тетово и СВР Тетово апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови.
-Најпогодени се оние со белодробни васкулари и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот. Оние граѓани кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски по можност H95. Во домовите да се чуваат затворени прозорците и вратите, велат од ЦУК.
Оттаму информираат дека во 12 часот на лице место пристигна и екипи од Армијата со еден хамер и со 13 војници, а на терен исто така се и 80 војници од касарната Тетово со опрема и машини за гаснење на пожарот. На терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
-На пожарот се интервенира и од воздух со хеликоптер на МВР, а од страна на TAV Maкедонија пуштена е цистерна со пена. Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, како и екипи со ПП возила за хемиско гаснење од ТАВ Македонија и лица од ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар, велат од ЦУК.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.