Вооружена толпа се обиде да навлезе во МВР-то на Либија

Loading...

Вооружена толпа се обидела да навлезе во Министерството за внатрешни работи и во државната новинска агенција во либиската престолнина Триполи, пренесе Reuters цитирајќи ја изјавата на либискиот премиер Али Зејдан.

 
Претходно беше објавено дека во неделата, околу 200 вооружени лица ја опколија зградата на либиското Министерство за надворешни работи во Триполи, и барале да се спроведат реформи и да се вратат на работа поранешните припадници на либиската армија кои учествувале во соборувањето на режимот на ликвидираниот поранешен водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи.
Како што изјавил либискиот премиер, вооружени лица, исто така, направиле обид да влезат во зградата на Министерството за внатрешни работи и во просториите на државната новинска агенција. „Овие напади … нема да не`натераат да се откажеме”, ги цитира агенцијата зборовите на Зејдан искажани на прес-конференција во Триполи.
Според Reuters, луѓето што ја опколиле зградата на либиското Министерство за надворешни работи барале оставка на поранешните поддржувачи на режимот на Гадафи, од кои некои се на високи позиции во министерството и во дипломатските мисии во странство.
Од неодамна, безбедносната ситуација во Либија којашто доживеа револуција пред година и половина, предизвика загриженост кај западните земји. Во септември минатата година, терористи го нападнаа американскиот конзулат во северниот град Бенгази, при што беше убиен американскиот амбасадор и уште тројца припадници на обезбедувањето на дипломатската мисија на САД. Во јануари годинава, Австралија, Германија, Холандија, Франција и Швајцарија ги повикаа своите државјани да го напуштат Бенгази поради информации за претстојни напади врз странци. Некои западни земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, им препорачаа на своите граѓани да ги избегнуваат сите патување во Либија поради безбедносни причини.
Макфакс
Вооружена толпа се обидела да навлезе во Министерството за внатрешни работи и во државната нов

loading...
Loading...