Вориорс против Денвер водат со 3-1

Loading...

Кошаркарите на Голден Стејт се наоѓаат начекор до пласманот во конференциското полуфинале, откако во серијата со Денвер поведоа со 3-1.

Екипата од Оукленд предводена од Стефон Кари, во четвртиот натпревар забележа победа од 115:101. Кари натпреварот го заврши со 31 поен, седум асистенции, три скока и четири украдени топки, бекот на Голден Стејт кој играше на оваа средба и покрај повредата на скочниот зглоб, 22 од 31-от поен постигна во третата четвртина. Покрај Кари, одлично издание во тимот на Голден Стејт имаа Џарет Џек (21 поем, 5 скока, 7 асистенции) и Карл Лондри (17 поени). Тај Лосон со 26 поени и шест асистенции беше најдобриот играч на Денвер. Победникот од оваа серија во полуфиналето во Западната конференција ќе игра против Сан Антонио, Спарси со 4-0 ја завршија серијата против ЛА Лејкерс.
Макфакс
Кошаркарите на Голден Стејт се наоѓаат начекор до пласманот во конференциското полуфинале, отк

loading...
Loading...