Војвотката од Кембриџ даде причина да се претпостави дека ќе роди син

Loading...

Бремената сопруга на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон, односно војвотката од Кембриџ, предизвика нов бран шпекулации за полот на нејзиното дете чие раѓање се очекува подоцна годинава, пишува весникот Daily Mail.Според весникот, за време на еден неодамнешен прием, војвотката од Кембриџ, говорејќи со жените на офицерите, рекла дека купила количка во светло сина боја.„Количките Bugaboo ги има во различни бои. Родителите кои не го знаат полот на своето уште неродено дете, обично избираат неутрална боја – беж, крем или црна“, пишува весникот. Сината боја укажува на тоа дека војводата и војвотката од Кембриџ ќе имаат син, нагласува Daily Mail.Од друга страна, пак, една неодамнешна изјава на Кејт предизвика серија од написи во британските медиуми во кои се шпекулираше дека таа ќе има ќерка. Добивајќи кадифено мече на подарок од една жителка на градот Гримсби, Кејт изјавила: „Ви благодарам, ќе го дадам на ќ….“. Кога заустила да го каже зборот, војвотката се сепнала, а потоа завршила со зборовите „моето дете“.Вилијам и Кејт, меѓуота, долго време инсистираат на тоа дека не го знаат полот на детето. Дури и доколку, како што е многу веројатно, во моментот тие веќе го знаат полот на детето, дали ќе добијат женско или машко, традицијата на британското кралско семејство ги обврзува тоа да го чуваат како тајна до породувањето.По породувањето, Војвотката од Кембриџ има намера неколку седмици да се одмора кај нејзините родители, пишуваше минатата седмица британскиот печат.Според Daily Mail, Кејт одлучила да ја прекине кралската традиција и да се откаже извесен период од услугите на гувернанти, бидејќи се чувствувала многу релаксирана и сигурна опкружена од нејзините најблиски. Според пријателите на војвотката, на кои се повикува весникот, Кејт апсолутно има доверба во нејзината мајка Карол Мидлтон, која воспитала три деца, и има потреба од нејзините совети за образованието и грижата за детето. За решението на војвотката од Кембриџ придонел и фактот дека нејзиниот сопруг наскоро по раѓањето на наследникот или наследничката ќе мора да им се врати на своите должности како пилот на хеликоптер, а Кејт не сака да остане сама во кралските апартмани, пишува Daily Mail.„Родителите на Кејт, Мајкл и Керол Мидлтон, неодамна за 4,85 милиони фунти купија замок и имот во округот Беркшир. Таму ќе има место каде да го шетаат нивниот прв внук или внука“, пишува весникот. Според еден пријател на семејството Мидлтон, Керол, која се наоѓа „на седмото небо“ со тоа што ќе стане баба, сега е преокупирана со реновирање на домот, особено со дизајнирање на детската соба.Намерата на Кејт по породувањето да мине извесно време кај своите родители, можеби не наишол на добар прием кај сите членови на кралското семејство, но тоа е едно од решенијата за сместувањето на идниот наследник на престолот, бидејќи идната резиденција на војводата и војвотката од Кембриџ, палатата Кенсингтон се реновира и тие не можат таму да се вселат до раѓањето на детето.
МакфаксБремената сопруга на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон, односно војвотката од Кембриџ, предизвика нов бран шпеку

loading...
Loading...