Во авионот исчезнат кај Солунска Глава, четири жртви

Loading...

Мал воздухоплов од типот Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот е изгубен западно од Слунска Глава. Два полициски хеликоптери се во потрага на изгубената “Цесна“, потврди за МИА директорот и претседател на УО М-НАВ, Николче Тасески.
-Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за Софија, рече Тасески.
Татко, мајка и две деца загинале попладнево при падот на малиот авион “Цесна” некаде околу врвот Солунска Глава во Македонија, се најновите податоци на МКД.мк.
Остатоци од авионот веќе биле пронајдени некаде на планината Јакупица, а повеќе информации за овој случај се очекуваат.

loading...