Во автобус на ЈСП тешко повредена патничка

Вчера во утринските часови во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Кузман Јосифовски-Питу“ додека А.К.(51) од Скопје се качувала од задната врата во автобус на ЈСП со број 35, управуван од З.П.(55) од Скопје, вратата се затворила. А.К. се здобила со тешка телесна повреда која е констатирана во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“.
Се работи на расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.