Во Амазонја се појави “огнено торнадо“ – редок феномен наречен “ѓавол“

Loading...
Огнено торнадо е едно од најретките природни феномени, а уште се нарекува и “огнен ѓавол“ и се формира во многу специфични атмосферски услови.
На пожарникарите им биле потребни два часа да го изгаснат откако огнено торнадо ја погоди Санта Хелена де Гојас во Брзил.
Пожарот го снимиле фармери кои користеле “контролиран“ оган за чистење на полињата.
На снимката се гледа како пламенот оддеднаш добива облик на торнадо, па се крева он небото опкружен со чад, а фармерите се обидувале да го изгаснат со црево.
Според метеоролошките експерти во Институтот за метеорологија во Сао Паоло, пожарите торнада се создаваат само во комбинација на високи температури, насилни ветрови, мала влажност и суво тло.
Embedded video

 

loading...