Во Атина застрелани двајца водачи на црногорскиот клан

Loading...

Водачите на црногорски клан, Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ се убиени вечерва во преполн ресторан со гости во Атина, пренесуваат српските медиуми. Бруталното убиство на Стаматовиќ и Дедовиќ се случило на очиглед на нивните семјства.
Злосторството го извршиле четири маскирани лица кои набрзо потоа со автомобил избегале од местото на настанот. Куршумите ги погодиле Стаматовиќ и Дедовиќ во виталните органи, па тие починале на лице место. Во пукотницата повредена е и една жена која се здобила со прострелна рана во ногата.
Грчките медиуми пренесуваат дека нападот траел една минута, а грчката полиција презема мерки да им влезе во траг на напаѓачите. Според нивните индиции двајцата црногорски државјани се убиени во класична пресметка на кланови.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...