Берлин: Актуелната состојба и претстојните чекори во процесот на нашата натамошна интеграција во ЕУ

Loading...

Тема на средбата што во рамките на работната посета на Берлин ја имал министерот за надворешни работи Никола Димитров со главниот советник за надворешна политика Јан Хекер и заменикот главен советник за европски прашања Франц Ноједер, биле актуелната состојба и претстојните чекори во процесот на нашата натамошна интеграција во ЕУ.
– Од страна на соговорниците беше поздрaвен успехот што Република Северна Македонија го постигна во делот на реформите и добрососедските односи и, во таа смисла, беше потврдена јасната поддршка за соодветно препознавање на направеното и отварање на следното поглавје на патот кон Европската унија, соопшти МНР.
– Денес во рамки на посетата министерот Димитров заедно со вицепремиерот Бујар Османи, ги продолжија активностите во Бундестагот со средба со пратеникот на ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул. Во фокус на разговорот беа текот на домашните реформи и резултатите во делот на добрососедските односи и соработка преку Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор и претстојните чекори во процесот на европската интеграција, како и улогата и поддршката на Бундестагот во овој контекст. Од страна на пратеникот Вадефул беше поздравен постигнатиот напредок и повторена поддршката за натамошно напредување во евроинтегративниот процес, додаваат од МНР.

loading...