ВО „БИОТЕК“ ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е 2.000 ЕВРА, „ПРОМЕДИКА“ ГО ПРАВИ НАЈГОЛЕМИОТ ПРОФИТ: Како работеле другите веледрогерии?

„ПАРИ“ АНАЛИЗА | Пандемијата ги зголеми приходите кај веледрогериите. Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека нивните приходи се зголемиле во 2020 година во однос на 2019 година, за да потоа тој тренд продолжи и во 2021 кога направиле уште поголем промет со лекови и медицинаски материјал во однос на 2020 година. Така, во 2021 година, само кај трите најголеми веледрогерии по промет: „Зегин“, „Македонијалек“ и „Еуформ се платени 187,2 милиони евра. Во 2020 година кај нив се слеале 174,5 милиони евра.

Најголемите компании по приход не биле и најголеми добитници во однос на профитот. Порталот „Пари“ аналзирајќи ги бројките за веледрогериите, наиде на еден особено интерсен податок за висината на платите во двете веледрогерии кои имаат најголема добивка. Тие не само што даваат солидни и многу надпросечни плати, туку и во 2021 година значително ги зголемиле платите во однос на 2020. Така, лани просечна плата во „Промедика“ била 102.547 денари, а во „Биотек“ 127.121 денар.

Веледрогерии кои отскокнуваат со платите

ВЕЛЕДРОГЕРИЈАПРОСЕЧНА ПЛАТА 2021ВРАБОТЕНИ ВО 2021ПРОСЕЧНА ПЛАТА 2020ВРАБОТЕНИ ВО 2020
Биотек127.1215652.53254
Промедика102.5479277.71790

*во денари

Веледрогериите „Зегин“, „Македонијалек“ и „Еуформ„ и минатата година останале компаниите преку кој здравствениот систем најмногу се снабдува со лекови и друг медицински материјал, како што тоа било и во 2020 година.

Но, од податоците може да се види дека иако „Зегин“ ги зголемил приходите за 2,47%, со што реализрал промет од дури 73,8 милиони евра, имал значаен пад на добивката од 30,2%, па така најголемата веледрогерија направила профит од „само“ 223.000 евра во 2021 година.

Пад на добивата има и кај „Еурофарм“ , иако и оваа веледрогерија го зголемила прометот за 4,3%, реализирајќи 49,6 милиони евра. Добивката на „Еурофарм“ во 2021 била намалена за 3,36% и изнсувала 1,35 милиони евра.

Од првата тројка по приход, со раст на добивката може да се пофали само „Македонијалек“. Веледрогеријата во 2021 година во однос на 2020 година го зголемила приходот за 15,4% и инкасирала 63,8 милиони евра, а добивката ја зголемила за 17% и ја искачила на 1,4 милиони евра.

ТОП 3 ВЕЛЕДРОГЕРИИ ПО ПРИХОДИ

ВЕЛЕДРОГЕРИЈАПРИХОДИ 2021ПРИХОДИ 2021/2020ДОБИВКАДОБИВКА 2021/2020ПРОСЕЧНА ПЛАТА
Зегин73,8 милиони евра+2,47%223.000 евра-30,2%32.820 денари
Македонија лек63,8 милиони евра+15,4%1,4 милиони евра+17%33.977 денари
Еурофарм49,6 милиони евра+4,3%1,35 милиони евра– 3,36%32.019 денари

Позиционирањето на компаниите со најголема добивка во 2021 година се изменило во однос на 2020 година.  Минатата година најголема добивка, од 6,5 милиони евра направило Друштвото за трговија, производство и услуги „Промедика“, а во 2020 неговата добивка била многу помала и изнесувала 1,4 милиони евра. Во 2020 година, најголема добивка имала веледрогеријата „Биотек“ кога остварила профит од 2,5 милиони евра, а сега, таа иако со раст на добивка и со релаизиран профит од 3,7 милиони евра, сепак е истисната на второто место по добивки.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/vo-biotek-prosecnata-plata-e-2-000-evra/

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.