Во Бугарија почина демонстрантот кој се запали

Loading...

Триесет ишестгодишниот Пламен Горанов кој на 20-ти февруари се самозапали пред градскиот совет во Варна искажувајќи го на тој начин револтот од ситуацијата во Бугарија, им подлегнал на повредите во неделата навечер, објавија во понеделникот болнички извори.

Пламен Горанов, како и илјадниците Бугари бил многу незадоволен од ситуацијата во земјата, особено во неговиот град Варна. Сакал од градоначалничкото место да биде симнат Кирил Јорданов, кого сограѓаните го обвинуваат за корупција и за кој тврдат дека е послушник на група бизнисмени којашто владее со градот и која ги уништила малите и средни претпријатија.
Со својот очајнички чин, несреќниот Горанов сакал да предупреди на корупцијата во врвот на градската управа. Се запали на 20-ти февруари, само еден час пред премиерот Бојко Борисов да ја објави оставката на целата негова влада.
Во цела Бугарија со седмици траат масовни протести на граѓаните кои првично беа предизвикани од високите сметки за електрична енергија, а потоа прераснаа во општо движење на незадоволство од владата, од политичките елити и од вкупната ситауција во земјата.
Во пристанишниот црноморски град Варна, демонстрантите и натаму продолжуваат да се собираат. Во неделата повеќе од 20 илјади демонстранти ја бара оставката од градоначалникот Јорданов, кој на власт е веќе 14 години.
Макфакс
Триесет ишестгодишниот Пламен Горанов кој на 20-ти февруари се самозапали пред градскиот совет

loading...