Во Велес 14-годишен ученик паднал од прозор во училиште

Во основното училиште „Панко Брашнар“ вчера утро, пред почетокот на наставата, ученик од деветто одделение паднал од прозор на висина од пет метри на бетон и се здобил со тешки повреди. Немилиот настан се случил додека детето си играло со соученици.
Од СВР Велес информираат дека детето било пренесено во болницата во Велес за укажување лекарска помош.
Како што информира за МИА Тодор Јаковлевски портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес детето се здобило се тешка скршеница на потколеница и поради сериозноста на повредата била преупатено на понатамошно лекување на Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од СВР Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.

Loading...