Во Виетнам уапсени осум лица поврзани со смртта на 39-те мигранти во Британија

Осум лица се уапсени во Виетнам под сомневање дека се вмешани во смртта на 39-те мигранти кои беа пронајдени замрзнати во камион ладилник во Британија.
Виетнамската полиција минатиот петок, исто така, уапси две лица и повика уште неколкумина на информативен разговор во врска со инцидентот во Велика Британија. Британските власти, пак, водат голема акција за откривање на криумчарите на мигранти, а британските пратеници порачаа дека трагичната смрт на мигрантите кај Есекс треба да биде повик „за будење на Владата“ да го преиспита својот пристап кон илегалната миграција. Властите во Британија неодамна потврдија дека сите жртви од т.н. “камион на смртта“ се од виетнамска националност. На островот веќе се уапсени неколку осомничени – покрај главниот осомничен, возачот на камионот, во врска со смртта на мигрантите уапсени се уште три лица.

Loading...