Во Германија откриен центар за обука на неонацисти

Loading...

Во Германија е откриен центар за обука на неонацисти кои припаѓаат на организацијата „Нов напредок“. Оваа организација е нова, но нејзиниот шеф им е добро познат на службите за безбедност, во прашање е закоравениот нацист Мајнолф Шенборн, кој делува против државата веќе две децении.Во „белата куќа“ која се наоѓа на околу 70 километри од Берлин, се доселиле, како што сведочеле соседите подоцна, потполно неупадливи гости.Првите неколку седмици сé делувало потполно нормално, сé додека еден ден полицијата во неговата соба не го пронашол мртов еден од станарите. Лекарите констатирале дека е во прашање срцев удар.Меѓутоа, полицијата покрај телото пронашла автоматска пушка со околу 300 куршуми. Целата муниција не одговарала само на оружјето што било пронајдено покрај телото, па државното обвинителство во Нојрупин покренало опсежна истрага.Се констатирало дека мртовецот пронајден во собата во „белата куќа“ е Јерг Ланге, познат како неонацист и платеник кој учествувал во судирите во поранешна Југославија.Во „белата куќа“ пронајдени се неонацистички списи на организацијата под име „Нов поредок“. Тоа, како што утврдила полицијата во Германија, било интерен документ на организацијата која ја предводеле Ланге, но и Мајнолф Шербон, неговиот соучесник во организацијата и неонацистичкиот центар.„Белата куќа“ била таен центар за школување на припадниците на „Новиот предок“. Кога организацијата била откриена, неонацистите ја напуштиле куќата, а полицијата продолжила да истражува кои се членови на организацијата, како и каде е оружјето за коешто постои сомнеж дека недостига од „белата куќа“.
МакфаксВо Германија е откриен центар за обука на неонацисти кои припаѓаат на организацијата „Нов напредок“.

loading...