Во Долно Лисиче маж прегазен од товарно возило

Вчера во 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“, бил прегазен пешак. Љ.А (52) од село Долно Лисиче, Скопско, бил прегазен од товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, кое претходно самиот го управувал. Несреќниот скопјанец починал на лице место.
Како што е пријавено, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали има простор за да помине по улицата. Во еден момент возилото само се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А.
Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.