Во железничка несреќа на мост во Данска загинаа најмалку шест лица

Loading...

Како што веќе потврдија данските власти најмалку шест луѓе загинаа во железничката несреќа која се случи утрово во осум часот на мост кој поврзува два дански острови.
Заради несреќата затворен е Големиот мост кој ги поврзува островите Зиланд и Фин, кој секојдневно го поминуваат десетици илјади возила. Локалните медиуми јавија дека патничкиот воз што се движел кон Копенхаген бил погоден од предмети што летнале од товарен воз во моментите кога на мостот дувал силен ветер.
Точниот број на мртви и повредени се уште не се знае, а се апелира до сите граѓани да го избегнуваат тоа подрачје за полесно да се спасуваат луѓето заглавени во вагоните. Од данската железница соопштиле дека има осум повредени.

 

loading...