Во Идризово починал затвореник

Loading...

Во Идризово починал затвореник

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера во затворот „Идризово“ бил пронајден мртов затвореник. Седумдесет и двегодишниот С.П., кој издржувал казна затвор вчера е пронајден мртов, без траги на насилство на телото.

Од директорот на затворот е потенцирано дека станува збор за природна смрт и дека случајот не е поврзан со КОРОНАВИРУСОТ. Осуденикот подолго време имал здравствени проблеми.

За настанот е известен и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Радио станици на Пулс24

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...