Во изолација е цела зграда во Капиштец каде што живее заболената докторка

Зградата во населбата Капиштец, на улица „Васил Ѓоргов“, во која што живее директорката на Универзитетската клиника за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која од вчера е на Клиниката за инфективни болести, бидејќи и заразена од корона вирус, е во целосна изолација.
Како што можеше да забележи екипата на ВЕЧЕР пред зградата речиси и да нема движење. Никој не излегува од зградата. Само една жена со неколку ќеси полни со намирници набрзина влезе во влезот.


На влезната врата од зградата е закачено соопштение во кое стои предупредување секој кој што стапил во контакт со директорката на Универзитетската клиника за кожни болести да се јави на лекар. Зградата во текот на вчерашниот ден, била дезинфицирана.

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.