Во Индија погубен исламист осуден за нападите од 2001-та

Loading...

Исламистички сепаратист осуден на смрт поради учество во убиствениот напад на парламентот во индиската престолнина Њу Делхи во декември 2001 година е погубен со бесење во самотата, откако индискиот претседател Пранаб Мукерџи го одби неговото барање за помилување.

Мохамед Афзал Гуру, поранеше продавач на овошје, е погубен во 7.30 часот утрото во сабота во затворот Тухар, во околината на Њу Делхи, изјави министерот за внатрешни работи Р.К. Синг за AFP.
Гури беше осуден за учество во планирањето на нападот и за криење исламистички активисти кои на 13-ти декември 2001 година го нападнаа индискиот сојузен парламент во Њу Делхи, при што загинаа 14 лица, меѓу кои петмина напаѓачи. Тој бил член на забранетата исламистичка група Џаиш-е-Мохамед.
Оваа група се бори против индиската управа на поделената област Кашмир, каде од почетокот на бунтот во 1989 година загинаа стотина илјади луѓе, според податоците на организациите за човекови права.
Петмина вооружени напаѓачи на 13-ти декември 2001 година во парламентот на Њу Делхи и убија осум полицајци и градина, по што и самите беа убиени во акција на индиските безбедносни сили. Напад за малку ќе предизвикаше војна меѓу Индија и Пакистан.
Индија тврди дека напаѓачите имале поддршка од пакистанските тајни служби, поради што двете непријателски земји, кои поседуваат атомско оружје, следните осум месеци распоредија околу милион војници по должината на заедничката граница
Макфакс
Исламистички сепаратист осуден на смрт поради учество во убиствениот напад на парламентот во индиската престолнина Њу Делхи

loading...
Loading...