Во Индија се излеала река полна со крокодили: Опасните животни на улица, граѓаните евакуирани (ВИДЕО)

Loading...

Крокодили се појавиле на поплавените улици во индискиот град Вадодара, каде поради врнежи во последните 24 часа настрадале пет лица, соопштуваат локалните власти.
Главната железничка станица и неколку улици во градот на западот од Индија денес се затворени поради вода. Евакуирани се околу 5000 луѓе чии домови се наоѓаат во близина на реката Вишвамитри, полна со крокодили и други рептили. Но, крокодилите се забележани на поплавените улици во некои  делови од градот со 1,2 милиони жители, а според информациите на градската полиција, имало четири инциденти со крокодили во населените области. Во Индија годинава од монсунските дождови  настрадале 460 лица.

 

 

 

 

 

 

 

loading...