Во камион откриени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан

Loading...

Во камион откриени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан

Мигранти се откриени на патниот правец Богданци – Гевгелија. Синоќа пред полноќ во камион со полуприколка откриени се вкупно 211 мигранти. Тие биле превезувани во тешко моторно возило марка ДАВ со скопски регистарски таблици, а полуприколката била со струмички таблици, управувано од 27 годишно лице од Скопје. 159 до нив биле од Бангладеш а 52 од Пакистан. Возачот на камионот бил лишен од слобода.

Мигрантите биле откриени на патниот правец Богданци Гевгелија кај раскрсницата што води кон населеното место Богородица скриени во полуприколката. Од нив 159 биле од Бангладеш, а 52 од Пакистан. Возачот на камионот е лишен од слобода. Според првичните информации регистарските ознаки на камионот со полуприколката биле со крадени и не припаѓале на возилото.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...