Во Карпош вчера биле приведени двајца Турци бидејќи го пречекориле дозволениот престој во државава.
„Вчера во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода У.Џ.К.(28) и М.С.(35), двајцата од Република Турција, затоа што при извршена проверка било констатирано дека двајцата го пречекориле престојот во државата, а притоа кај У.Џ.К. била пронајдена и одземена марихуана“, информираат од МВР.
Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодвеетни поднесоци.