Во Кина тајфун зеде 28 жртви, повеќе од милион луѓе се евакуирани

Loading...

Трагичниот биланс од тајфунот Лекима, кој го погоди источниот дел на Кина се искачи на 28 лица, а 20 се сметаат за исчезнати. Евакуирани се повеќе од милион луѓе, а обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето.
Во источната провинција Џејијанг, која беше погодена од тајфунот Лекима со налети на ветрот до 187 километри час има нарушувања во сообраќајот, а илјадници летови и железничките поаѓања беа откажани. Уништени се 173.000 хектари посеви и 34.000 домаќинства во Џејијанг, соопштија локалните власти.

 

 

loading...