Во Клубот на пратениците Заев и Ахмети утре ќе договараат заеднички претседателски кандидат

Loading...

Утре во Клубот на пратениците владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети ќе договараат можен заеднички претседателски кандидат. Средбата, според информации од партиите е закажана за 12:30 часот, пишува “Плусинфо“.
Откако Гордана Силјановска Давкова е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Ахмети повторно ќе направат обид на претседателските избори да истрчаат со заеднички кандидат. Тоа неодамна се изјалови при првичниот обид на средбата која помеѓу двајцата лидери се оддржа неодамна.

loading...