Во кои години партнерите најмногу изневеруваат: Резултатите на студијата ќе ве изненадат!

Loading...

Помладите луѓе во своите 20-ти и 30-ти години изневеруваат сè помалку, а една група луѓе изневерува се почесто, и тоа оние во 50-тите и 60-тите години, покажа студијата на Американскиот институт за семејни студии.
Повеќето оженети Американци се моногамни, но вонбрачните врски се растечки тренд кај луѓето во нивните 50-ти и 60-ти години. Многумина од нив се во брак 20 или 30 години – објасни Николас Волфингер, професор на Универзитетот во Јута.
„Ако сте во брак со некого 30 години, можеби сте се заситиле од вашите интимни односи или едни со други. Друга причина се апчињата за стимулација, кои им овозможуваат на мажите подобро да се претстават во кревет“ – рече тој.
Меѓутоа, оваа студија исто така покажа дека повеќето прељубници го осудуваат изневерувањето на другите.
„Или нивните ставови не се совпаѓаат со нивното однесување, што е класична приказна во јавноста, или сме сведоци на нееднаквости“ – заклучува професорот Волфингер.

loading...
Loading...