Во кои македонски градови има коронавирус и по колку граѓани се заразени?

Loading...

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата.
Од нив најмногу се од Скопје (15). Потоа следуваат Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1).
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.
Од почетокот на коронавирусот во Македонија, па до денес, најмногу заразени има во Скопје, односно 123.
Следува Дебар каде се заразени 43 граѓани, а двајца од нив починаа. 15 Кумановци имаат коронавирус, а од овој град има и една жртва.
Во Штип има 8 лица кои имаат коронавирус, а во Велес и Охрид по 3.
Кавадарци и Прилеп е градови каде има по двајца заболени, а во Гостивар и Тетово има по еден пациент со позитивен тест за коронавирус.

loading...