Во кои села во општина Сарај утре ќе нема струја?

Loading...

Поради планиран технички зафат во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Арнакија, Семениште, Буковиќ, Ласкарци, Раовиќ и Чајлане во Општина Сарај.
Како што соопштија РЦУК Скопје по известување добиено од “ЕВН Македонија” АД прекинот во електроснабдувањето ќе биде во периодот од 10:00 до 11:00 часот.

loading...