Во Кочани почина едно лице од коронавирус

Loading...

Едно лице од Кочани починало од коронавирус, потврди за „Слободен печат“ градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Веста ја добил утринава од член на потесното семејство на починатиот. Семејството е во изолација и барало помош да се организира погребот. Општината е вклучена во помагање да се организира погребот.
-Последен пат се слушнав со него во четвртокот, ми кажа дека има болки и дека ќе го приклучат на апарати. Беше на Инфективното одделение во Скопје, изјавил Илијев за Слободен печат.

loading...