Во Крива Паланка утринава најстудено, најмногу снег во Маврово

Loading...

Во текот на денов по котлините ќе има магла или значителна ниска облачност, а во останатите делови и особено на планините ќе преовладува сончево време.
Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 6 до 14, а во местата со магла од 0 до 5 степени.


Во Скопје ќе биде магливо и тивко со значителна ниска облачност. Максималната температура ќе достигне 5 степени.
Како што соопшти УХМР, утрово во 7 часот најстудено (-6) беше во Крива Паланка и Маврови Анови, а највисока температура од 1 степен е измерена во Струмица, Дојран и Демир Капија.
Во Маврови Анови е измерена највисока снежна покривка од 15 сантиметри.

loading...