Во Македонија знамињата на пола копје

Цела Македонија е во шок и неизмерна тага од трагедијата која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која животот го загубија 15 лица. Во знак на жалост знамињата се спуштени на пола копје.
Денес и утре се прогласени за деновите на жалост во цела Македонија, а во Гостивар, од каде што се најголемиот број од жртвите е прогласена тридневна жалост.