Утрово во Македонија – “кочан“ зима и снег

Loading...

Македонија осамна со студено утро, температури под нулата и врнежи од снег. Најстудено било во Лазарополе, а најмногу снег има во Маврови Анови. Студеното време ќе се задржи до средината на наредната недела.
Како што јавија од УХМР во Лазарополе минималната температура изнесувала-14 степени, Маврово и Крушево -13, Претор, Ѓуриште и Тополчани -10, Пожаране -9, Битола и Прилеп -8, Охрид -7, Тетово, Крива Паланка и Куманово -6, Скопје и Штип -5, Демир Капија, Струмица, Гевгелија и Дојран -4 степени Целзиусови.
Најмногу снег има во Маврови Анови 85 сантиметри, Крушево 34, Битола 32, Тополчани 25, Попова Шапка 18, Демир Капија 14, Дојран 13 , Пожаране 12, Лазарополе 11, Струмица 10, Ѓуриште 8, Прилеп 5, Претор 3, Крива Паланка и Гевгелија 2, a Скопје Петровец, Охрид и Тетово по 1 сантиметар.

loading...