Во Малезија јавно тепање на две лезбејки поради секс во кола

Loading...

Две жени во Малезија, осудени за обид да имаат секс во автомобил, биле тепани јавно со стап од религиозен суд, извести ББЦ. Секоја од двете муслиманки кои се на возраст од 22 и 32 години, е удрена  по шест пати со стап сподер шеријатското право, во државата Теренгану. Според официјален претставник ова е прва пресуда во државата за еднополови односи и ова е прво јавно камшикување.
Бранителите на човекови права реагираа со негодување. Хомосексуалните акти се нелегални според световните и верските закони на таа земја. Повеќе од 100 луѓе биле сведоци на тепањето со стапови. Малезиската организација за правата на жените “Помош за жените”, изјави за “Ројтерс” дека се “преплашени од тоа сериозно прекршување на човековите права”.
Двете жени чии идентитети не беа откриени беа уапсени во април од страна на исламската полиција, откако беа пронајдени во автомобил на јавен плоштад во Теренгано. Минатиот месец, тие беа прогласени за виновни за кршење на исламскиот закон и беа осудени на тепање со стап и беа казнети со по 800 долари. “Сексуалните дејства меѓу возрасни лица не треба да бидат криминализирани, и истите да не бидат казниви”, бара женската група за помош.

loading...