Во масовна тепачка полицаец морал да пука во воздух. Причината обид за услуга преку ред

Десетина лица од Гостивар и околни села за два дена се лишени од слобода заради учество во масовна тепачка која се случи во средата навечер на улица во Гостивар. Службеници од Полициската станица Гостивар, каде се привршува со расчистување на случајот, вчера лишиле уште девет лица. Дел од нив ќе се соочат со кривични пријави за насилство и поттикнување и поладнево ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.

Поводот за тепачката биле недоразбирања меѓу персоналот и гости околу држењето ред и услужувањето во угостителски објект за брза храна. Набрзо потоа поголема група на роднини дошле пред објектот и започнала расправија. Благодарение на брзата интервенција на полицијата бил спречен потежок инцидент. Притоа, полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух.
Во масовна тепачка полицаец морал да пука во воздух. Причината обид за услуга преку ред

– Вчеравечер (11 август) околу 22 часот и 30 минути, лишени од слобода се: Џ.А.(44), Т.А.(48), Х.А.(42), Б.А.(39), Л.А.(55), Н.А.(50), С.А.(52), Б.А.(25) и Д.А.(46), сите од гостиварко Ѓурѓевиште. За нив постои сомнение дека учестувале во завчерашната групна физичка пресметка во и околу угостителски објект на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, наведуваат од СВР Тетово.

Поводот за тепачката биле недоразбирања меѓу персоналот и гости околу држењето ред и услужувањето во угостителски објект за брза храна. Набрзо потоа поголема група на роднини дошле пред објектот и започнала расправија. Благодарение на брзата интервенција на полицијата бил спречен потежок инцидент. Притоа, полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух.

Истата вечер, лишени од слобода и одведени во полициската станица биле: Б.А.(25) од Дебреше, Д.А.(46) од Ѓурѓевиште, Е.А.(27) и Ф.А.(53) од Топлица, 34-годишниот Р.М. од Гостивар и тројца малолетници од Дебреше и Ѓурѓевиште. За нив е утврдено дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во и пред угостителски објект кој при пресметката бил и оштетен. 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.