Во напад на Алепо убиени 34 сириски војници

Loading...

Најмалку 34 припадници на силите на сириската влада се убиени во неделата во полициската академија во градот Алепо која во мугрите била нападната од бунтовниците коишто дејствуваат во северниот дел на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон.Оваа невладина организација сѐ уште не ги изнесе податоците за жртвите во редовите на бунтовниците кои во саботата започнаа битка за полициската академија која траела цела ноќ. Академијата во Кан ал-Асал, според опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, било последното упориште на владините сили во западниот дел во Алепо.Според истиот извор, малку посеверно од Алепо заземале и еден затвор во близина на градот Рака и ослободиле повеќе стотици затвореници, сведочел активист на OSDH. Војниците се повлекле од централниот затвор по повеќе часови жестока битка.Во саботата во насилствата низ Сирија биле убиени најмалку 156 луѓе, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права според која секој ден во земјата гинат по неколку десетици луѓе, а според податоците на Обединетите нации во 24-те месеци колку што трае сириската граѓанска војна загинале над 70 илјади луѓе.Градот Рака кој лежи на бреговите на реката Еуфрат е стратешко место во близина на границата со Турција, во жестоките судири во саботата биел убиени десетици војници и бунтовници.
МакфаксНајмалку 34 припадници на силите на сириската влада се убиени во неделата во полициската академија во градот Але

loading...
Loading...