Во овие земји се пие највеќе кафе по глава на жител

Loading...

Кафето веројатно е најпопуларниот пијалок во светот. Секоја година на глобално ниво, луѓето консумираат 400 милијарди шолји кафе. Ова е листата на земји во кои консумацијата на кафе по жител на годишно ниво е најголема.
Канада – 6,5 килограми по жител
Канада е единствената земја надвор од Европа која се наоѓа на листата на најголеми љубители на кафе. Во земјата има популарни брендови, но и независни продавници за кафе. Имено, кафето е најчесто консумиран пијалок во Канада.
Луксембург – 6,5 килограми по жител
Луксембург е мала земја, но нејзините жители имаат голема љубов кон кафето. Во главниот град има многу кафулиња и продавници за кафе, а во земјата се служат и уникатни пијалоци со еспресо како „руското млеко“.


Белгија – 6,7 килограми по жител
Кога помислувате на Белгија, помислувате на вафли или пиво. Но жителите на Белгија се опседнати со кафето. Тие пијат просечно 1,35 шолји кафе дневно.
Швајцарија – 7,9 килограми по жител
Во оваа земја особено се популарни пијалоците направени со еспресо, а многу Швајцарци пијат и филтер кафе.
Шведска – 8,2 килограми по жител
Во Шведска, „фика“ е концепт кој значи да се пие кафе, а со кафето одат и колачиња или торта. Како „фика“ може да се смета и пауза за време на работниот ден или групна дружба.
Холандија – 8,4 килограми по жител
Во 1616, Холанѓаните биле првите европејци кои купиле дрво од кафе и го донеле од Јемен. Денес, во Амстердам се познати кафулињата кои служат кафе, но и колачиња со марихуана.
Данска – 9 килограми кафе по жител
Доколку нордиските земји се кралеви на кафето, оваа нација е принц на овој пијалок. Жителите на кралството пијат околу 1,46 шолји кафе дневно.


Исланд – 9 килограми по жител
Мора да има некаква поврзаност помеѓу ладната клима и кафето бидејќи како и соседите, жителите на Исланд уживаат во кафето. Во главниот град Рејкјавик нема да најдете брендови како „Старбакс“, но има малу кафулиња насекаде низ градот.
Норвешка – 9,9 килограми по жител
Кафето во Норвешка првпат станало популарно кај богатите во 18. век. Кафето во земјата најчесто се служи со појадокот или после вечерата со десерт.
Финска – 12 килограми по жител
Кафето во Финска се консумира секојдневно, а во повеќето фирми се задолжителни паузите за кафе. Многу настани се слават со кафе, сендвичи и колачи.

loading...