Во оружен напад во Будва повредени две лица

Рано утрово околу три часот две лица се повредени во оружен напад во Будва, по што полицијата го блокирала градот.
Како што соопшти полицијата, повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во  болницата во Котор.
Локалните медиуми јавуваат дека нападот се случил во ресторан во Будва откако непознато лице, кое носело силиконска маска, од засега непознати причини отворило оган.
Истрагата е во тек.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: