Во Охрид се судрија камион и “Фиат Пунто“, едно лице тешко повредено

На крстосница од улиците “Железничка“ и “Кленоец“ во Охрид на 23.05.2019 година во 00.00 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило “Сканија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(57) од Битола и патничко возило “Фиат Пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото “Фиат Пунто“ А.И.(30) од Охрид. Со возило на Итна медицинска помош таа била пренесена во болницата во Охрид каде и била укажана лекарска помош, по што била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.

Loading...