Во пад на јеменски воен авион 11 загинати

Loading...

Во падот на авионот на армијата на Јемен во вторникот во центарот на главниот град Сана, загинале најмалку 11 а повредени се 15 лица, соопштија за Reuters извори од јеменските безбедносни служби.

Jеменското министерство за одбрана издаде соопштение во кои се наведува дека авионот врз резиденцијалниот кварт во западниот дел од престолнината Сана, додека бил на тренажен лет.
На снимките направени од местото на несреќата објавени на социјалните мрежи, може да се види едно тело крај остатоците од авионот во пламен. Во пламен, исто така, се и неколку автомобили, а улицата е прекриена со разни остатоци.
Функционер на јеменското министерство изјавил дека пилотот се катапултирал од авионот, но не навел дополнителни детали.
Воен функционер изјавил дека авионот бил од типот на руските воздухоплови „СУ-22″. Јемен поседува 30 воени авиони од типот „СУ-22″ и четири „СУ-22УМ3″ во военото воздухопловство коешто располага вкупно со 79 летала, според податоците на Меѓународниот институт за стратешки студии од 2012 година
Макфакс
Во падот на авионот на армијата на Јемен во вторникот во центарот на главниот град Сана, загин

loading...