Во паника во црква во Минхен повредени 24 верници

Денес непознат маж влегол во католичката црква Свети Павле во Минхен  и извикувал „Такбир“ (алаху акбар) што предизвикало паника меѓу верниците.

Како што соопшти германската полиција мислејќи дека станува збор за терористички напад, луѓето почнале да бегаат од црквата и во метежот полесно се повредени 24 лица. Напаѓачот фрлал со камења по верниците , собрани на ноќно бдеење во црквата.

Loading...