Во Париз украден дијамантски накит во вредност од 3 милиони евра

Loading...

Вооружени разбојници украле накит во вредност од околу три милиона евра од продавницата на корпорацијата за дијаманти „De Beers“ во Париз во трговскиот центар Printemps-Haussmann, пренесува во средата AFP.Според полицијата, грабежот се случил во вторникот во 18,45 часот по средноевропско време. За време на нападот, ограбувачите не употребиле оружје.Порталот на TFI News пишува дека напаѓачите имале пиштоли во рацете за време на грабежот. AFP објави дека мажите најверојатно носеле перики, биле вооружени со полу-автоматско оружје и носеле панцирни елеци. Ограбувачите, наводно, ја принудиле продавачката да ги отвори касите со дијаманти, ги грабнале скапоцените камења и накитот и побегнале од продавницата преку задниот излез.Полицијата објави дека вработените останале смирени за време на нападот и дека никој не бил повреден. Трговскиот центар бил преполн во тој период од денот и има неколку очевидци на грабежот што се одвивал пред нивните очи. Париската полиција отвори истрага и почна потрага по криминалците.Еден ден пред инцидентот во центарот на Париз, грабеж на дијаманти се случи на бриселскиот аеродром, каде што криминалците украдоа од авион на швајцарска компанија 120 кутии со дијаманти, злато и накит кои требало да патуваат за Цирих. Целата операција траела околу пет минути.Според Антверпенскиот светски дијамантски центар (Antwerp World Diamond Centre – AWDC) кој ги застапува јувелирниците од Антверпен, пазарната вредност на украдените дијаманти изнесува 37,5 милиони евра. Станува збор главно за дијаманти од Антверпен.
МакфаксВооружени разбојници украле накит во вредност од околу три милиона евра од продавницата на корпорацијата за дија

loading...