Во понеделник се отвора најголемиот аеродром на светот

Loading...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделник свечено ќе го отвори најголемиот аеродром на светот. Ова, воедно, е трет аеродром во Истанбул. Новиот аеродром е изграден на европската страна на градот, на 35 километри северно од Истанбул, во округот Арнавуткој.
Неговата изградба почна во јуни 2014. година, а сега е завршена првата од вкупно четири фази на изградба. Предвидено е во првата фаза аеродромот да може да прими 90 милиони патници.
Се очекува до 2030. година, кога и ќе биде завршена последната фаза аеродромот да може да го користат 150 милиони патници годишно.
За споредба, најпрометниот аеродром во светот „Хартсфилд Џексон“ во Атланта, САД во 2017. година имал 105 милиони патници. Исто така, шесте аеродроми во Лондон опслужуваат повеќе од 150 милиони патници годишно.
Изградбата на аеродромот чини 10,5 милијарди евра. Ќе се простира на површина од 7.659 хектари што е околу 76 километри квадратни  и ќе има шест писти. На новиот аеродром ќе биде изграден и најголемиот светски трговски комплекс без царина.

loading...