Во поплавите во Сибир 22 загинати и над 400 повредени

Loading...

Повеќе од 400 лица се хоспитализирани со повреди од поплавите што го погодија регионот Иркутск на југоисток од Сибир, изјави денеска рускиот заменик-министер за вонредни состојби Павел Беришев. До петок попладне, беа пријавени 22 смртни случаја, додека 15 лица се исчезнати.
-За жал, 22 лица загинаа, 410 се хоспитализирани, а медицинска помош беше обезбедена во амбуланти за 2.165 луѓе, рече Беришев.
Поплавите во регионот Иркутск почнаа на крајот од јуни, а досега се погодени 103 населени места. Поплавени се повеќе од 10.150 куќи со речиси 33.000 луѓе. Во регионот е прогласена вонредна состојба. Властите објавија дека нема опасност од заразни болести. (МИА)

 

 

loading...