Во поплави во Кина загинаа 201 лице

Најмалку 201 лице загинаа, а 63 се водат како исчезнати во големите поплави кои ја погодија Кина во текот на јули и август , соопштија локалните власти.
Последните поплави се случија во провинцијата Сичуан, каде според последните податоци загинаа осум луѓе, а 23 се водат како исчезнати.
Претходно овој месец загинаа 39, а исчезнаа девет лица при ударот на тајфунот Лекима.
Вкупниот биланс на жртвите минатиот месец изнесува 154, а повеќе од 1,3 милиони луѓе се раселени поради невремето.

Loading...