Во сабота зима

Loading...

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, во текот на претстојната ноќ во поголем дел од државава ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог.
Ќе дува умерен, на некои места и тоа особено покрај Повардарието засилен ветер од северен правец, додека температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на значително опаѓање и во текот на ноќта ќе се движат во интервалот од 4 до 12 степени.


Поради значителното заладување, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да дојде и до провејување на слаб снег.
Во текот на денешниот ден врнежите ќе престанат и облачноста ќе почне да се намалува. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени. Во сабота, утрото, пак, ќе биде зимско и студено, со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

loading...